Бесплатна достава за нарачки над 1500 денари

“Здравиот просјак е посреќен од болниот крал”

Почитувани,
Со оваа изрека за бизнисот, ја почнуваме оваа кратка приказна за Хелиос,Гелита,ДоппелХерц компанијата.
Приказна која што започнува во 2013 година и која претставува приказна водена пред се од квалитетот вграден низ многу труд, напор и влог на сите наши партнери и коминтенти.
Ова е секојдневна изрека, но ние сме навистина синоним за квалитет.
Ги претставуваме врвните Германски компании Gelita и Doppelherz, Франција LCA, Грција SM и неколку други високо развиени компании.
Самата Германија како држава е синоним за квалитет и ние сме горди што тој квалитет станува достапен до секој наш граѓанин со посебно задоволство дека се работи за здравјето на нашите граѓани.
Започнавме скромно и за 7 години стигнавме до респектабилен фактор на балканскиот пазар.
Значи на балканскиот, не само на Македонскиот што дава дополнителна вредност на компанијата која ја освојува довербата на коминтентите во други држави. Нашата сила е дека секогаш вложуваме во она што вреди, она што имплеметира вредности, лични, социјални и секоако здравствени.

Ниту еден, ама ниту еден светски успех не е вреден ако тој нема духовна и вредносна димензија.
А, да незборуваме колку е тоа важно кога станува збор за здравјето.
Како компанија сме и општествено одговорен сегмент, покажан низ безброј вложени проекти кај различни категории како млади, пред се спортисти но и уметници, научници, интелектуалци, вредни млади креатори на нашата современа реалност. Помагаме и низ многу бројни акции на хуманитарност каде што низ бројни настани се истакнува хуманоста кон сите што во тој момент бараат помош и подадена рака.
Нашата палета, секојдневно се зголемува, што е всушност и одлика на врвните Германски брендови кој низ оваа приказна се димензионираат на нашите простори.
Имаме компании ќерки во Белград, Софија, Атина, Приштина и Сараево. Сите се со свои посебен бизнис ентитет и горди сме што го освојуваме пазарот, пред се со квалитет и огромен личен и професионален интегритет и влог.
Приказната за Хелиос, Гелита, ДоппелХерц станува симбол на препознатливост и ние на тој пат ке останеме пред се водени од мотивацијата за врвен успех но и за придонес кон сите општествени текови.
Никогаш нема да ве разочараме.
Ви благодариме на сите за довербата!!!