Опис
CH-ALPHA
Дегенерацијата на р’скавицата во зглобовите може да биде причина за губењето еластичност и зголемена ригидност во оние зглобови што го понесуваат најголемиот товар, како што се колената и колковите. Ова може да биде предизвикано од прекумерно вежбање, репетитивно движење или зголемена телесна тежина, како и од неактивен живот без многу движење. Вообичаено започнува во третата деценија од животот и прогресира со текот на годините.
Што е р’скавица?
Р’скавица е тврдо и еластично ткиво што ги покрива сите зглобови и ги заштитува коските од меѓусебно триење. Р’скавица е мазна површина којашто овозможува фино лизгање на коските кога се движат и помага во апсорбирање на притисокот при физичка активност.
Сврзната р’скавица содржи колаген Тип II и протеогликани во меѓуклеточната супстанција, одговорна за јачина и еластичност.
Оваа меѓуклеточна супстанција е изградена главно од вода, колаген Тип II (којшто обезбедува цврстина и подмачкува истовремено) и протеогликани (коишто спречуваат компресија).
Од витално значење е да се одржува нормално ниво на колаген во ткивата на коските, р’скавицата, лигаментите и зглобовите! Здравото, нормално движење на телото е од основно значење!
Кога природниот регенеративен процес нема да може да ги исполни дневните потреби на организмот, заради повреди, прекумерна тежина, прекумерно вежбање, тогаш сврзното ткиво се оштетува.
Како што сврзното ткиво се губи, така се губи и течност, има зголемено триење, што доведува до намалена еластичност и постепено зголемување на чувство на нелагодност и болка.
Специјалните клетки, хондроцитите, го контролираат нивото на регенерација на р’скавицата во зглобовите и ги препознават промените во структурата на р’скавицата. Хондроцитите при промена на состојбата реагираат така што ја градат истрошената р’скавица.
Нетипично за кое било ткиво во телото, но р’скавицата не содржи нерви или крвни садови. Ова придонесува кон многу бавна регенерација, како и потежок третман. Р’скавицата е ткиво коешто активно расте и потребна и е континуирана регенерација, за да може да ја извршува својата функција на заштитник на зглобовите.
Кој има придобивки од CH-ALPHA?
Многу едноставно, секој што е заинтересиран да си ја подобри подвижноста и да си го подобри квалитетот на животот.
Луѓе кои имаат корист од CH-ALPHA:
Оние кои работат со подигање на големи товари.
Луѓе што работат репетитивна и исцрпувачка работа.
Луѓе со прекумерна телесна тежина.
Физички неактивни луѓе.
Спортисти.
Дали CH-ALPHA е безбедна за употреба?
Спрема медицинските студии, не постојат познати интеракции со други лекови или каква било храна.
Не постојат извештаи за алергиски реакции.
30 Ампули
Дозирање: 1 ампула на ден
GELITA AG – ПРОИЗВОДИТЕЛ НА КОЛАГЕН БРОЈ 1. ВО СВЕТОТ!
Мислења
Сè уште нема прегледи.