Бесплатна достава за нарачки над 1500 денари

Shop

Hyaluron + OPC 150

1150 ден

Бесплатна достава за нарачки над 1500 денари

Категорија
√ без лактоза
√ без глутен
√ додаток во исхрана

Опис

За здравјето на кожата и на сврзното ткиво придонесуваат многу различни фактори.
Кон ова се вбројува и избалансираната и здрава исхрана. Бидејќи клетките на кожата и сврзното ткиво
секојдневно, преку нивна обнова, испорачуваат врвни перформанси и за тоа им се потребни доволно
хранливи материи, кои самото тело не може да ги создаде.
Витаминот Ц придонесува за нормално формирање на колагенот, а со тоа и за нормална функција на
кожата. Цинкот и биотинот придонесуваат за одржување на нормалната кожа. Витаминот Ц и цинкот,
освен тоа, придонесуваат за заштита на клетките од оксидативен стрес.
Една капсула Doppelherz system HYALURON+OPC 150 содржи 50 mg хијалуронска киселина + 150
mg OPC во комбинација со 30 mg коензим Q10, биотин и витамин Ц, како и елементот во трагови
цинк.
Хијалуронската киселина е сопствена супстанција на телото. Таа, воглавно, се произведува во
фибробластите и други посебни клетки на сврзното ткиво.
Од хемиски аспект, хијалуронската киселина се состои од синџир на молекули на шеќер и се именува и
како глукозаминоглукан.
Голем дел од хијалуронската киселина е расположлив во кожата. Супстанцијата со својства на
врзување на вода е исто така составен дел од синовијалната течност.
Капсулите дополнително содржат висококвалитетен екстракт од семе од грозје.
Тој испорачува 150 mg OPC. OPC значи олигомерни проантоцијанидини.
Овие секундарни растителни супстанции (флавоноиди) се особено значително застапени во семето од
гројзе. Таму флавоноидите го штитат семето од грозје од штетници.
Коензимот Q10 припаѓа на групата убихинони. Претставката „ubi“ значи, дека оваа супстанција ја има
насекаде во телото. Значителен дел од Q10 се складира во митохондриите на клетките. Коензимот Q10
може да се формира од самото тело и да се прима со исхрана.
Кожата и нејзините клетки се подложени на континуиран процес на раст односно обнова.
Притоа, цинкот игра важна улога за нормалната клеточна делба. Биотинот придонесува за одржување
на нормалната кожа и за нормален енергетски метаболизам.
СОСТОЈКИ

 


Декларација

Мислења

Сè уште нема прегледи.

Биди прв кој ќе оцени